Пет полуфинални дуели кои нудат со 100 денари да се стигне до евентуални 100 евра

Четири меча од европските куп полуфиналиња, плус полуфинале во англиската Чемпионшип се дел од денешните Квоти на денот. Доколку сите пет меча ги одиграте на еден тикет заедно со комбинациите кои се нудат, вкупниот коефициент што ќе го добиете е 63.83. Тоа значи дека само со 100 вложени денари, можната добивка е 6.383 денари.

Бодо/Глимт е домаќин на Тотенхем во реванш-полуфиналето од Лигата на Европа. Гостите од Лондон се фаворити и не треба да загубат во средба на која ќе има од два до пет гола за да биде добитна квотата од 2.10.

Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ го пречекува Атлетик Билбао и тука опцијата е домаќинот да не загуби, а да има повеќе голови во второто полувреме. Оваа комбинација е со коефициент од 2.45.

Фиорентина и Бетис треба да одиграат возбудлив натпревар со погодоци и тоа да има од еден до три гола во првото полувреме, а на крајот да биде со 3+ погодоци. Квотата за ова е 2.35.

Без сомнение, Челзи е голем фаворит за победа над Ѓургарден и затоа се очекуваат погодоци на „Стемфорд бриџ“. Опцијата е да има 2+ голови во првото полувреме и 4+ голови до крајот на средбата. Оваа комбинација е со квота од 2.40.

Победник треба да има на пресметката меѓу Бристол и Шефилд јунајтед, кои играат во полуфинале од плејофот за пласман во Премиер лигата. Освен што треба да има победник, потребно е да има и најмалку два гола за да биде добитна квотата од 2.20.

- Оглас -

Најнови вести