Пет „црни“ минути за Јунајтед: Мегваер го нокаутира колегата Баи, Де Хеа им подари гол на Сините (видео)

Манчестер јунајтед и Челзи во овие моменти водат битка за пласман во финалето на ФА Купот каде што чека Арсенал, а Сините имаат предност од 1-0 по првите 45 минути. Оливие Жиру го смени резултатот во 11-тата минута од судиското надополнување, откако имаше повеќеминутен прекин на средбата поради повреда.

Kaпитенот Мегваер го повреди соиграчот и колега од одбраната Ерик Баи при воздушен дуел. Баи доби посекотина на главата, по што не можеше да го продолжи настапот и теренот го напушти на носилки.

По принудната пауза, Сините креира акција по која реализираше Жиру за 1-0, но голема вина за погодокот оди на Де Хеа кој катастрофално реагираше.

https://twitter.com/EmiratesFACup/status/1284910899203981313

- Оглас -

Најнови вести