Кадетските репрезентациии на Македонија во машка и во женска конкуренција се меѓу најдобрите четири на Светското училишно првенство во ракомет кое е во организација на Федерацијата на училиштен спорт на Македонија и денеска ќе играат за пласман во финалињата.
Кадетките по голема драма, во четвртфиналето беа подобри од врсничките од Бразил со 19-18, а следниот денешен ривал ќе им биде селекцијата на Турција. Полуфиналето меѓу Македонија и Турција ќе започне во 10:30 часот во салата „Македонско Сонце“ кај училиштето „11 Октомври“.
Кадетите беа перфектни во групната фаза и завршија со четири победи во исто толку натпревари. Во последниот дуел без никакви проблеми ја совладаа Саудиска Арабија со 23-11. Во полуфиналето Македонија денеска ќе игра против Србија, и тоа со почеток од 12:30 часот во салата „Македонско Сонце“.

„Како Федерација на училиштен спорт на Македонија не можеме да бидеме погорди. И двете кадетски репрезентации на Македонија се пласираа во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет.
И на двата натпревари трибините во салите „Македонски Херои“ и „Македонско Сонце“ беа исполнети. Среќни сме за што овој прв историски голем настан за спортска Македонија во рамки на училиштен спорт има голема заинтересираност. Денеска нашите две селекции имаа поддршка од бројни македонски легенди.
Честитки и за двете репрезентации, одиграа борбено и храбро“, порачаа од Федерацијата на училиштен спорт на Македонија.
Во женска конкуренција втората полуфинална двојка ја сочинуваат Романија и Хрватска, додека во машка конкуренција за финале ќе се борат Израел и Хрватска.

