Петарда на Лацио, Милан без Ибра не победува, Пандев остана на клупа

Лацио славеше со убедливи 5-1 против Спал за избив на второто место на табелата во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги немаа милост кон својот противник, па веќе по 38 минути игра постигнаа четири погодоци.

По два гола поделија Имобиле и Каиседо во првото полувреме, додека Адекање зголеми на 5-0 во 58-та минута, за Мисироли по еден час игра да го постигне почестниот гол за гостите.

Лацио ќе го чека дуелот Удинезе – Интер за да дознае дали ќе остане на второто место со 49 бода, додека Спал со 15 бода останува на последното место.

Милан ремизираше со Верона при конечни 1-1. Росонерите не можеа да ги освојат трите бода во отсуство на болниот Златан Ибрахимовиќ, а Чалханоглу мораше да ги спасува по половина час игра откако гостите поведоа преку Фараони во 13-тата минута. Милан останува на осмото место со 32 бода, Верона е едно место подолу со два бода помалку.

Аталанта и Џенова ремизираа при конечни 2-2, а македонскиот капитен Горан Пандев остана на клупата.

- Оглас -

Најнови вести