Петарда во Дизелдорф, Интер ќе се бори за европски пехар првпат по 10 години (видео)

Интер со убедливи 5-0 го декласира Шахтар Донецк среде Дизелдорф и закажа финале на 21 август против Севилја во Лигата на Европа.

Избраниците на Антонио Конте беа немилосрдни против украинскиот противник и покажаа колку посакуваат да ја завршат сезоната со трофеј. Нераѕурите за првпат по сезоната 2009/10 ќе се борат за европска титула по освојувањето на Лигата на шампионите пред една деценија.

Мартинес отвори само по 19 минути во мечот, па за вториот гол се чекаше дури до 64-тата минута, кога Д’Амброзио зголеми на 2-0. Веќе беше јасно дека Интер ќе биде финалист откако Лаутаро го постигна својот втор гол на средбата, а до 84-тата минута Лукаку стрелаше двапати за убедлив триумф.

https://streamable.com/bdmdqn

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести