Шпанското првенство дефинитивно веќе ги заборави Меси и Роналдо

Со синоќешните дуели од последното 38 коло, во Примера дивисион заврши првенството на Шпанија. Вкупно 380 натпревари се одиграа сезонава во Премиер лига, а вкупно беа постигнати 1.005 погодоци.

Според пресметките, во просек имало 2,66 голови по натпревар што е одличен биланс и е рекорден во шпанското првенство откако си заминаа Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Меси и Роналдо беа гол-машини за Барселона и Реал Мадрид, а прв пат откако тие си заминаа од првенството, има толку висок процент на постигнати погодоци, што секако го враќа рејтингот на шпанското првенство.

- Оглас -

Најнови вести