По најавата дека Гвардиола си оди од Сити, почнаа да се редат имиња за негов наследник

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола е подготвен да го напушти Манчестер сити и тоа на крајот од следната сезона, најавуваат англиските медиуми. Гвардиола има договор со Граѓаните до јуни 2025 година и најавите се дека воопшто не планира да ја продолжи соработката.

Од 2016 година Пеп е на чело на англискиот тим и досега освои 15 трофеи, вклучувајќи го и највредниот, а тоа е тој во Лигата на шампиони. Сити постави и рекорд со четири титули во низа во Премиер лигата, а вкупно со Гвардиола на чело, Граѓаните беа шест пати прваци на Англија.

По најавите за заминување од клупата, веднаш започнаа шпекулациите за тоа кој ќе го наследи. Како опции се спомнува Мичел кој е актуелн тренер на Жирона, како и селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман кој има договор со Панцерите до 2026 година. Тука се спомнуваат и Чаби Алонсо од Баер Леверкузен, како и Роберто де Зерби.

- Оглас -

Најнови вести