Петка за Џани – Македонскиот репрезентативец го води Лидс во Премиерлига (Видео)

Езџан Алиоски погоди по петтипат сезонава, а неговиот гол против Филам за предност од 2:0 против Фулам може да биде и клучен за промоција во Премиерлигата.

Македонскиот репрезентативец одлично се снајде во 56. минута и рутински ја погоди мрежата на гостите од Лондон во дербито на 39. коло, а со погодокот на популарниот Џани, Лидс води со 2:0.

Алиоски влезе во игра во 46. минута на местото на Хедер Коста и по само 10 минути го постигна петтиот гол во Чемпионшип сезонава, прв во пост-корона ерата.

Ако успее да ја задржи предноста и да победи Лидс ќе биде нов лидер во Чемпионшип со 74 бода и на 7 кола пред крајот на првенството и на добар пат да се промовира во нов премиерлигаш.

Голот на Алиоски за 2:0 погледнете го ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести