Италија ја декласираше Јамајка со 5-0 во мечот од второто коло по групи на Светското првенство за жени. Италијанките иако се во тешка група со Бразил и Австралија покрај нивниот денешен противник, избија на чело на групата со 6 бода по два меча. Заедно со Германија и Франција, тие се трите селекции со перфектен учинок по две кола во групната фаза.
За големата победа најмногу придонесе Џирели со својот хет-трик, а два гола постигна и Гали по нејзиното влегување во игра во 65-тата минута. Воедно, ова е втора најголема победа во ова издание на женскиот Мундијал, а САД ја забележа најголемата со 13-0 против Тајланд.
Италијанките во следниот меч ќе се надигруваат со Бразил, додека Јамајка ќе ги одмери силите против Австралија, мечеви по кои дефинитивно ќе се знаат патниците во нокаут фазата.