Петката во Квотите на ден носат вкупен коефициент од 42, а во понудата се Бока, Баерн, Спортинг…

Петте меча кои се дел од понудата во Квотите на денот носат вкупен коефициент од 42.68, што значи дека ако се одиграат заедно на еден тикет, само со 50 вложени денари, можната добивка е преку 2.000 денари. Интересни се комбинациите кои се нудат, а сите се дел од фудбалската понуда.

Бока јуниорс е домаќин на Расинг клуб и тука треба да има барем по еден гол во двете полувремиња, а квотата е точно два. Во Холандија, Екселсиор игра против Волендам, а и тука понудата е да се одигра на погодоци во двете полувремиња и тоа 1+I&2+II што носи квота од 2.40.

Во Германија се игра големото дерби меѓу Лајпциг и Баерн Минхен, а се очекува актуелниот првак да не загуби во дуел на кој двете екипи ќе постигнат гол. За Х2&ГГ коефициентот е 1.90.

Генк како лидер во Белгија е фаворит за освојување на трите бода на теренот на Ојпен, а освен победа на гостите, треба да има и барем еден гол во првото полувреме за да биде погоден коефициентот од 1.95.

Во Португалија, Спортинг на свој терен е огромен фаворит против Визела, па освен победа на гигантот, се очекува во мрежата на гостите да има барем три погодоци за квотата 2.40 да биде погодена.

- Оглас -

Најнови вести