Петковиќ плати сурова казна за трите суспензии, Рен го декласира Бордо со 6:0

Владимир Петковиќ плати сурова казна за отстранувањето од тимот на капитенот Кошчелни и неговиот партнер на позицијата стопери, Бајсе, па доживеа дебакл со Бордо против Рен со шест гола во мрежата на тимот што го предбоди као тренер.

Поранешниот селектор на Швајцарија, селекција со која имаше многу успеси, сега не се снаоѓа како кормилар на Бордо и томот тоне се подлабоко, а поразот од 6:0 е срамен и според изјавите на играчите.

„Ако играме вака не ни бега преселба во Втората лига“, изјави голманот на Бордо, Косил.

Териер, Бурижу, Лаборде и Труфер постигнаа по еден гол за Рен, а со два погодоци во последните минути Жираси ги дотолчи гостите од Бордо.

- Оглас -

Најнови вести