Петковски останува „романтичар“ уште една година

Петар Петковски одлучи да ја продолжи соработката со Работнички и потпиша едногодишен договор, па сега ќе се обиде што побрзо да се врати во препознатливата форма и да се избори за место во првиот тим.

Членот на најуспешната генерација македонски младинци што играше на историското ЕП во Полска дојде во Работнички како позајмен играч од Вардар, а одигра одлична сезона за „романтичарите“ со 11 гола и девет асистенции. Беше четврти стрелец во ланското првенство и се најавуваше негово заминување во странство, но сега се сменија работите и 22-годишниот напаѓач останува „романтичар“.

„Среќен сум што ја продолжувам соработката со Работнички. Благодарност до раководството на клубот за разбирањето и за обновената доверба. Верувам дека ќе бележиме многу подобри резултати во периодот што следи. Фокусиран сум максимално на тренинзите и брзо ќе се вратам во потребниот натпреварувачки ритам“, изјави за клупската интернет-страница Петар Петковски.

- Оглас -

Најнови вести