Петмина италијански фудбалери обвинети дека силувале девојка

Петмина фудбалери на екипата на Виртус Верона се обвинети дека во јануари минатата година силувале една 20-годишна девојка. Играчите на тимот кој се натпреварува во Серија Ц во Италија, треба да одат на сослушување во судот, а потоа ќе биде познато дали ќе се покрене обвинение.

Девојката која тврди дека била силувана, откри дека петмината фудбалери прво ја опиле со алкохол, а потоа додека таа била во бессознание ја силувале. Четворица извршиле полов напад, а еден снимал со мобилен телефон. Од клубот не откриваат детали, ниту за кои играчи се работи, но најавија дека ќе соработуваат со властите.

Фудбалерите тврдат дека не се работело за силување, туку дека девојката сама се согласила да има групен секс со нив.

 

- Оглас -

Најнови вести