Петмина повредени во тепачка меѓу навивачи на Барселона и Лион

Во пресрет на реванш-пресметката меѓу Барселона и Лион во осминафиналето од ЛШ, навивачки групи на двете екипи се судриле во близина на стадионот „Камп ноу“. Повредени се петмина фанови на францускиот клуб. Еден од нив е хоспитализиран, додека полицијата употребила солзавец за да ја смири ситуацијата.

Полицијата сега трага по лицата кои се одговорни за овие немили сцени. Над 4.500 навивачи на Лион денеска пристигнаа во Барселона за да го поддржат својот тим, a се движат во центарот на градот. И при првата средба кога се играше во Лион, две навивачки групи физички се пресметаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести