Ривера чека слатка одмазда со разиграниот Санта Фе

ЛДУ Кито – Емелек (Куп на Еквадор, 02.15 часот)

Дерби-двомечот на полуфиналето на Еквадорскиот куп почнува ноќеска на популарната „Кјаза Банка“ во Кито, а меѓу себе ќе играат последните два шампиони на Еквадор и членови на големата четворка ЛДУ Кито и Емелек.

Домаќинот е фаворит, но кога играат гигантите на еквадорскиот фудбал, гарантирана е неизвесноста и тензијата, па ќе има голема битка за финале.

ЛДУ е најуспешниот претставник на Еквадор во интернационалните купови и во 2008 и во 2009 година беше првата екипа од оваа земја што победи во Копа Либертадорес и во Копа Судамерикана. Има две титули и од Рекопа Судамерикана во 2009 и 2010 година и е член на шесторката во Јужна Америка што ги има сите три највредни пехари во овие три натпреварувања. Со него се само уште Ривер плејт, Бока јуниорс, Индепендиенте, Интернасионал и Сао Пауло.

Емелек има 14 домашни титули, три повеќе од ривалот и е втората најуспешна екипа според трофеите во домашното првенство, зад Барселона со 15.

ЛДУ е во одлична серија од 8 меча без пораз против Емелек и ќе типуваме дека и деветти пат ќе остане непоразен.

Предлог тип: 1Х&0-3 гола (1.43)

 

Толима – Депортиво Кали (Лига Акилја, Колумбија 01 часот)

Гостите се во подобра форма од домаќинот и ако победат трепат по ред ќе се искачат на третата позиција на табелата само со три бода помалку од лидерот Петролера.

Толима е во долниот дел од табелата и нанижа два порази, па има императив да ги освои бодовите и да побегне од 15. место во конкуренција на 20 екипи. Има цврста одбрана и прими само 11 гола на 13 меча, но нападот е јалов и тешко дава голови.

Депортиво Кали е втората најефикасна екипа во Класура, се очекува да нападнат од самиот почеток во обид да ја продолжат мини-серијата од победи, но и да останат во битка за врвот.

На последните четири меѓусебни дуели и двете екипи постигнуваа гол, па ќе типуваме дека и ноќеска на „Мануел Мурилјо Торо“ ќе се тресат мрежите на Монтеро и на Мина.

Предлог тип: ГГ (1.93)

 

Санта Фе – Букараманга (Лига Акилја, Колумбија 03 часот)

Индепендиенте Санта Фе во моментов е во најдобра форма од сите 20 екипи во Првата колумбиска лига и е во серија од пет победи.

По лошиот старт и низата од 8 натпревари без триумф, избраниците на Харолд Ривера нанижаа пет победи по ред, а токму доаѓањето на новиот тренер во август донесе пресврт.

Ривера го замени Аргентинецот Патрисио Кампс и успеа да го извлече Санта Фе од дното на табелата со серија победи. Интересно е што тој беше тренер и на Букараманга во минатото, но само по 8 меча, доби отказ во 2017 година.

Сега ќе има шанса за реванш против клубот за којшто настапуваше како фудбалер, а и го предводеше од клупата.

Букараманга има само една победа на последните пет меча, се наоѓа во послаба форма од ривалот, но има биланс од три победи и реми против Санта Фе на последните четири меѓусебни дуели.

Овде ќе ја почитуваме моментната форма пред традицијата и ќе типуваме победа на домаќинот најмалку со два гола во мрежата на гостинскиот голман Варгас Кортес.

Предлог тип: 1&Т1 (2.18)

 

Ешли Барти – Петра Квитова (ВТА Пекинг, 05 часот)

Ова е дуел на две тенисерки коишто во колекцијата имаат гренд слем титули, и тоа три заедно. И Барти и Квитова се посебни приказни во светот на тенисот, а и двете минаа трнлив пат кон успехот.

Барти сезонава блесна на Ролан Гарос и ја освои престижната титула на Ролан Гарос, а беше блиску воопшто и да не продолжи да игра тенис. Во 2014 година Австралијката одлучи да паузира и се префрли на крикет, но, за среќа, во 2016 година направи камбек и успеа да приреди подвиг три години подоцна со гренд слем титула и со прво место на ВТА-листата.

Квитова преживеа вистински хорор пред три години откако беше нападната во својот дом од провалник и во обидот да се одбрани, доживеа тешка повреда на дланката на левата рака. Паузираше долго, но, за среќа, успеа да се врати на тениските терени.

Чешката тенисерка има две гренд слем титули, а и двете и се од Вимблдон во 2011 и 2014. Немаше среќа да биде најдоброрангирана на светот, а највисок ранкинг и е втората позиција. Има подобри предиспозиции од Барти за игра на тврда подлога и е фаворит против Австралијката за пласман во полуфиналето во Пекинг.

Квитова има биланс од 4:1 против Ешли, а ја победи и годинава, на почетокот на новата сезона на нејзин терен. Во Мелбурн, на Отвореното првенство на Австралија Петра славеше со 2:0, а потоа играше и во финалето, но загуби од Наоми Осака.

Очекуваме нејзина нова победа и ќе типуваме двојка.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

Елина Свитолина – Кики Бертенс (ВТА Пекинг, 05 часот)

Кики Бертенс има причини да ја памети 2019 година по добро откако ја освои првата голема титула во кариерата, со триумф против Симона Халеп во финалето во Мадрид.

Холанѓанката играше подобро во првиот дел од сезоната, а годинава има уште еден триумф на ВТА-турнирите, во Санкт Петербург.

Нејзината противничка Свитолина моментно е треторангирана на ВТА-листата, со што го израмни најдобриот ранкинг во кариерата од 2017 година.

Украинката годинава играше две полуфиналиња на гренд слем турнирите, но Симона Халеп на Вимблдон и Серена Вилијамс на Отвореното првенство на САД беа преголеми пречки за прво финале на некој од четирите најценети тениски турнири.

Свитолина е во подобра форма од Бертенс, има и позитивен биланс од 2:1 во меѓусебните дуели и ќе типуваме дека ќе ја зголеми предноста во Пекинг во меч за полуфинале.

Предлог тип: 1 (1.57)

 

 

- Оглас -

Најнови вести