Петта рунда за голем чекор до трофејот во Стенли купот

Бостон бруинс – Сент Луис блус (02 часот, НХЛ финале)

Финална серија, како што доликува на НХЛ, играат Бруинс и Блус, а шампионот е тешко да се предвиди. Моментно е 2:2 во победи и петтиот меч може да биде и клучен, особено ако гостите успеат да слават ноќеска.

Сент Луис во таков случај би имал меч-топка на домашен терен за прва НХЛ-титула, но фаворитот Бостон сега ќе игра пред своја публика со исти амбиции како и Блус да се освои престижниот пехар, што за нив би била седма круна во 20-то финале.

Проблем за домаќините е што ветеранот Здено Чара и Мет Гржелчик се повредени и нивниот настап е неизвесен. Серијата е и многу интересна од аспект и на головите, а ги има доста на сите досегашните четири дуели.

Двете екипи имаат по една победа дома и една како гости, па и тука домашниот терен барем досега не игра никаква улога. Петтиот меч е исклучително важен бидејќи една од екипите финалисти ќе дојде на една победа до титулата, па ќе типуваме дека нема да има многу голови.

Предлог тип: <5.5 гола (1.68)

 

Чиле – Хаити (01 часот, пријателски меч)

Чиле се подготвува за Копа Америка, а Хаити според квалитетот и рејтингот, не е противник од кој треба да стравува. Чилеанците досега немаат примено ниту еден гол од оваа селекција во трите меѓусебни дуели, а се очекува така да биде и ноќеска во Ла Серена.

Имињата на Санчес, Видал, Варгас и останатите во селекцијата на Чиле се гаранција за квалитет, само тоа треба да го потврдат и на терен против апсолутниот аутсајдер Хаити.

Чиле е шампион на Копа Америка од 2015 и 2016 година, во моментов не е во таа форма, но сепак е пресилен за скромната селекција на Хаити, чиј најдобар играч е Дакенс Нејзон од шкотскиот Сент Мирен.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.71)

 

Сантош – Атлетико МГ (01 часот, бразилски куп)

Сантош има добар резултат од првиот меч во осминафиналето на Купот и се врати од гостувањето во Минеиро со реми без голови, па ноќеска ќе се обиде да ја продолжи доминацијата против Атлетико на домашен терен.

Последните четири гостувања на Атлетико на „Вила Белмиро“ во Сао Паоло кај Сантош беа комплетно неуспешни со 4 порази, па и сега домаќините се фаворити.

Под палката на Хорхе Сампаоли, Сантош игра многу солидно. Има 6 победи на последните 7 меча како домаќин, што е добра најава за нов успех и пласман меѓу осумте најдобри во Бразилскиот куп.

Предлог тип: 1Х&2>1 (2.55)

 

Атлетико Гојаниенсе – Гварани СП (00.15 часот, втора бразилска лига)

И двете екипи имаат големи проблеми, кои и не се чудни за бразилскиот фудбал. По поразот од Фигејренсе со 0:1, претседателот на Атлетико ги нарече играчите на тимот „кукавици“ и бараше од голем дел од нив или да покажат карактер или да бидат подготвени да си ги пакуваат куферите и да си заминат.

На спротивната страна имаше физички напад врз Палмерон Мендес Филјо. Првиот човек на Гварани беше нападнат со камења и шишиња од навивачите на клубот по поразот дома од Бразил Пелотас, па атмосферата во двата табори е лоша.

И двете екипи имаат проблеми со повредите на играчите, па очекуваме тврд меч со голем императив да се победи по секоја цена и за Атлетико и за Гварани, но и со малку голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.77)

 

Њујорк сити – Синсинати (01 часот, МЛС)

Ова е прв меѓусебен меч на двете екипи, а голем фаворит е домаќинот. Тие се на шестото место во Источната конференција, каде што Синсинати е последен.

Гостите имаат 10 порази на 15 меча. Тие се и тимот и со најмалку постигнати голови во лигата и како гостинска екипа.

Сити има само еден пораз досега, амбициите се да се борат за врвот на табелата, а Шпанецот Торент има солиден состав. Можеби не за највисоки дострели, но може да им ги помати сметките на фаворитите и секако да го победи засега слабиот состав на Синсинати.

Предлог тип: 1&Т1 2+ (1.70)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести