Петте предлози во Квотите на денот прават коефициент 64.75 (Фото)

Петте предложени натпревари во Квотите на денот во Sport Life ако се одиграат сите заедно на еден тикет, прават вкупен коефициент 64.75.

Првиот предлог е од прелиминарната рунда од квалификациите за пласман во Лигата на шампионите меѓу Атлетик Дескалдес и Будуќност. Црногорскиот шампион е голем фаворит против тимот од Андора иако игра на гости и за играта да постигне најмалку по еден гол и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.35.

Индија и Кувајт играат во рамките на шампионатот на Јужна Азија и тука се очекуваат голови, а квотата е одлична. За играта ГГ прво или второ полувреме, коефициентот изнесува 2.50.

Репрезентацијата на Холандија до 21 година слабо го започна младинското ЕП и по две кола, нема победа иако се смета за еден од фаворитите за пласман во финалето. Денеска Лалињата мора да победат доколку сакаат да освојат едно од првите две места на табелата и иако играат против коорганизаторот, тие ја имаат фаворитската улога. За играта Холандија да победи и да биде постигнат барем еден гол во првото полувреме, квотата изнесува 2.15.

Најмала е квотата за мечот меѓу младите репрезентации на Португалија и Белгија и изнесува 2.05. Оваа квота се добива ако одиграте дека ќе има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Последниот предлот исто така е од младинското ЕП и има квота од 2.50. Тука се очекува Хрватска да не загуби против Романија, а притоа и двете репрезентации да постигнат гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести