Петте услови на Меси од кои зависи дали сепак ќе реши да остане во Барселона!

Лионел Меси со сила го задржаа да остане во Барселона затоа што челниците на каталонскиот клуб не сакаа да го продадат во Манчестер сити за сума помала од 400 милиони евра колку што стоеше откупната клаузула во неговиот договор. Тогаш Меси беше многу лут и разочаран и јавно ги критикуваше челниците на клубот на чело со Жосеп Марија Бартомеу.

Бартомеу, кој е еден од најлошите претседатели во историјата на Барселона, реши да си замине од позицијата по пет години владеење на „Камп ноу“. Со заминувањето на Бартомеу, се отвора шансата Меси сепак да се премисли и да остане во клубот во кој ја помина целата своја кариера.

Според пишувањата на весникот „Марка“, постојат пет услови кои треба да решат за иднината на аргентинскиот виртуоз, а тоа се: Кој ќе биде новиот претседател на Барселона? Кој ќе биде новиот спортски директор во клубот? Кој ќе биде новиот тренер ако Куман не ги исполни очекувањата? Каква ќе биде политиката на клубот? Каква ќе биде моменталната форма на екипата до крајот на сезоната и дали ќе има шанса да се бори за некој трофеј?

Актуелниот договор на Меси истекува на крајот од сезонава, што значи дека доколку не се согласи на нов договор, во јуни 2021 година ќе може да си замине како слободен играч без никакво обесштетување.

 

- Оглас -

Најнови вести