Петти пораз во серија за Ваљадолид, Кадис е блиску до опстанокот во Ла Лига (Видео)

Екипата на Ваљадолид продолжува со катастрофалните игри и го забележа петтиот пораз во серија, овојпат од Кадис со 2-0 на гостински терен.

Дерби-дуелот за опстанок во шпанската Примера беше решен во самиот финиш. Резултатот го отвори Бонгонда во 70-тата минута.

Истиот фудбалер во 76-тата минута стави печат на победата со погодок од пенал.

Кадис со победата се искачи на 14-тата позиција со 38 бодови, четири повеќе од Гетафе во опасната зона. Ваљадолид е една позиција над црвената зона со само бод предност пред Гетафе, кој има и меч помалку бидејќи утре на домашен терен игра против испаднатиот Елче.

- Оглас -

Најнови вести