Петто коло на Спортска прогноза – Чизмата се тресе за дербито на Италија

Од денеска повторно можете да типувате на 13+2 натпревари на популарната Спортска прогноза што за вас ја приредуваат обложувалниците на Sport Life и Спорт Манија, а на ред е петтото коло.

Во фокусот ќе биде Серија А и популарното дерби на Италија меѓу Јувентус и Интер. Старата дама апсолутно доминира со 8 титули по ред на Чизмата, но оваа сезона и Интер има силни адути во обидот да ја прекине страшната доминација на „црно-белите“ од Торино.

Покрај тој дуел, за нас особено интересен ќе биде и последниот саботен меч од петтото коло на Спортската прогноза меѓу Џенова и Милан. Горан Пандев и соиграчите против гигантот, кој е во криза, ќе се обидат да изненадат и да победат и да ја прекинат серијата од пет меча без триумф против Росонерите.

И ова коло стандардно ќе почне со бундеслигашки дуели, во сабота од 15.30 часот, а за вас ги одбравме пресметките меѓу Баер и Лајпциг, односно Падерборн со Мајнц. Авантурата во петтото коло продолжува со три саботни натпревари од Француската Лига 1, па потоа следува шпанската Ла Лига и два меча за старт во недела, а крајот на колото повторно е со германски меч, но од Втората лига, или популарната Цвајта во понеделник.

Не заборавајте да типувате и во ова коло, почнувајќи од денеска од 14 часот, па сè до сабота до 15.30 часот, кога е последен рок за учество во петтото коло на Спортската прогноза.

Наградите се веќе познати: за прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 двојки од основната програма џек-пот ќе биде прекрасниот мобилен телефон iPhone XS, за 12-ка се добива ваучер од 1.000 денари, а 500 денари ваучер е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма.

Учеството во секое коло е императив во битката за врвот во Генералниот пласман, се бројат и поените од резервните двојки, а и тука наградите се примамливи.

Најдобриот прогнозер во втората сезона ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000 и 200.000 за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ-5.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести