Пијан доаѓал на тренинзи, а Црвена ѕвезда треба да му плати над 520.000 евра!

Фудбалскиот клуб Црвена ѕвезда треба да му плати 520.180 евра на својот поранешен играч Лоа Диони, одлучи Спортскиот арбитражен суд во Лозана по пресуда на дисциплинските органи на ФИФА.

Белградските Црвено-бели се жалеа, но судот беше на страна на фудбалерот. Диони се смета за една од најголемите трансфер-утки на Ѕвезда, а од клубот велат дека тој на тренинзи во ноември 2021 година доаѓал пијан и дека оправдано му бил раскинат договорот. Но, немало докази за ова тврдење, па Ѕвезда ќе треба да плати малку над половина милоион евра.

- Оглас -

Најнови вести