Пијан се појави на турнирот и направи хаос, па кога се отрезни, се чудеше што се случило

Британскиот снукер играч Роберт Милкинс се најде во центарот на вниманието за време на турнирот во Турција, но не поради своите добри игри, туку поради пијанство.

Милкинс имал маратонско пиење славејќи го својот 46-ти роденден, заборавајќи дека треба да игра на турнирот. Кога се појавил во салата за снукер, Милкинс започнал да ги навредува ВИП гостите, да се кара речиси со сите што ќе ги видел, дури и со претседателот на Светската билијард и снукер федерација, Џејсон Фергусон.

Пред да дојде во салата за играње, Милкинс бил во тоалетот и паднал, повредувајќи си ја главата. На крајот, Британецот завршил во болница на „перење“ на желудникот. Откако се отрезнил, Милкинс сфатил што направил.

„Премногу испив, не се ни сеќавам што се случувало. Бев во таква состојба што не ни знаев каде сум. Го славев роденденот и многу се напив, но тоа не е оправдување. Можам само да им се извинам на сите оние коишто ги навредив и направив да се чувствуваат лошо поради моето однесување. Не ги ни знам тие луѓе. Моето однесување е неприфатливо и подготовен сум да прифатам каква било казна. Ова нема да се повтори“, рече Милкинс, кој додаде дека снукер игра за да може да ги издржува своите деца.

- Оглас -

Најнови вести