Пике е мангупот на денот: Погоди дека Барселона ќе го победи Реал со 4:0

Некогашниот легендарен дефанзивец на Барселона, Жерар Пике успеа да го погоди точниот резултат на Ел Класико кое вечерва се играше во Мадрид. Пике оптимистички најави дека очекува Барселона да победи со 4:0 на „Сантијаго Бернабеу“.

Малку кој веруваше во оваа прогноза на Пике, но на крајот од средбата, токму тој е оној кој успеа да го погоди точниот резултат. Едноставно тој веруваше во играчите на неговиот некогашен клуб, а тие му возвратија на најдобар можен начин.

Прогнозата на Пике ја објави најпознатиот новинар за трансфери во светот, Фабрицио Романо, кој напиша. Пике: Мојата прогноза за Ел Класико? Ќе победиме со 4:0“.

- Оглас -

Најнови вести