Пике се надева дека ќе закрепне до Ел Класико

Жерар Пике, дефанзивецот на Барселона, се надева дека ќе закрепне до 10 април, за кога е закажано второто Ел Класико за оваа сезона. Мегадербито од 30-тото коло на Ла Лига ќе се игра на помошниот стадион „Алфредо Ди Стефано“ во Мадрид, а Пике е голем оптимист дека ќе отпатува до шпанската метропола заедно со останатите играчи на Барселона.

Пике веќе еден месец е вон натпреварувачки погон, односно повредата на коленото која со месеци го мачеше, стана сериозна во реваншот против Севилја во шпанскиот Куп. Ексрепрезентативецот на Шпанија тврди дека секој ден напорно работи на својот камбек и би требало за десетина дена да биде подготвен.

Најголемото фудбалско дерби ќе биде од голем значај и за Барса, но и за Реал, ако се знае дека гигантите водат тесна битка за титулата во Шпанија, а пред нив сè уште е Атлетико Мадрид.

Барселона има 62 бода на второто место, два повеќе од Реал, односно четири бода помалку од Јорганџиите по 28 првенствени натпревари.

- Оглас -

Најнови вести