Пике се пожали од Чави и сега дополнително ќе зажали

Барселона игра одлично во шпанското првенство и со 16 бода од шест кола е веднаш зад перфектниот Реал Мадрид. Каталонскиот гигант ја има најдобрата одбрана во Примера само со еден примен гол, што значи дека дефанзивната линија функционира перфектно.

Во оваа дефанзивна четворка на Барселона, сезонава меѓу стартерите нема место за Жарарт Пике. Искусниот Пике сезонава играше само на еден меч во првенството (во победата над Кадис од 4:0), а во Лигата на шампиони одигра 45 минути на дуелот против Викторија П’лзењ.

Фактот дека речиси постојано е на клупата за резерви, Пике решил јавно да го каже своето незадоволство, па додека бил во соблекувалната, коментирал дека е незадоволен од добиената минутажа од Чави. Овој разговор на Чави стигнал и до ушите на тренерот, па Чави веднаш реагирал и на Пике му порачал „Отсега ќе играш уште помалку“.

Пике речиси 14 години беше стандарден првотимец во Барселона, но сега ситуацијата е сменета и искусниот дефанзивец мора да биде на клупата. Некои најави се дека Пике ќе ја загуби трпеливоста и дека во следниот период ќе побара раскинување на договорот кој го обврзува да остане на „Каму ноу“ до 2024 година.

- Оглас -

Најнови вести