Пике: Срамота, се нудам да бидам продаден и да си одам од Барселона

На фудбалерите на Барселона не им е лесно после дебаклот да се појават во јавност и да зборуваат, сите видоа што се случи, претрпеа пораз кој ќе се памети уште долго време, а лидерот на одбраната која беше смешна вечерва, Жерард Пике, рече дека се нуди да си оди ако во клубот сметаат дека се потребни коренити промени на играчкиот кадар.

„Катастрофален меч, ужасно се чувствувам, засрамен сум, срам е вистинскиот збор за ова што се случи. Не смееше ова да се случи на европски меч, а не ни е првпат, туку трети пат веќе ни се случува ова. Во клубот се потребни промени, не зборувам за тренерот или играчи, не кажувам имиња, туку структурни промени од секаков вид. Никој не е вечен, еве и јас се нудам да си заминам доколку на клубот му треба свежа крв и промена на динамиката. Јас сум прв што ќе си оди, мислам дека го допревме дното. Треба да седнеме и да решиме што е најдобро за клубот“ – рече Пике.

- Оглас -

Најнови вести