Пикфорд одлично брани, но и опасно тепа (Видео)

Џордан Пикфорд одлично брани, стигна и до стандардното место во англиската репрезентација, а покажа и завидни боксерски вештини.

Вирално на социјалните мрежи стана видеото на кое јасно се гледа како Џордан учествува во масовна тепачка пред дискотека во Англија.

Казна за репрезентативецот на Англија сигурно ќе има, веројатно клупска во Евертон, а Пикфорд покажа дека нема гајле и кога ќе ја заврши фудбалската кариера. Боксот е тука, како нов предизвик за голманот на популарните „карамели“ од Ливерпул.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести