Џордан Пикфорд го има приматот за најдобар голман во Англија и токму затоа го има приматот во националниот тим на Гордиот Албион. Освен за Англија, Пикфорд брани за тимот на Евертон и не му тргна добро во новата сезона.
Во првите два меча што ги одигра, Евертон претрпе два тешки порази. прво загуби дома од Брајтон со 3:0, а вчера уште поубедливо со 4:0 беше поразен на гостувањето кај Тотенхем. Освен слабата дефанзивна линија, овојпат и Пикфорд имаше аматерски реакции, а посебно е виновен за погодкот за 2:0 кога Сон беше упорен и успеа да го надитри Пикфорд, кој имаше аматерска реакција.