Драган Стојковиќ-Пикси нема да поднесе оставка од селекторската позиција на националниот тим на Србија, тврди „Спортски журнал“.
Пикси е уверен дека сè што направил и прави за Орлите е правилно, иако тимот беше елиминиран уште во групната фаза на ЕВРО 2024.
Репрезентацијата на Србија го заврши своето учество на Европското првенство во Германија по првата фаза, завршувајќи на последното, четврто место во групата Ц. Англија ја освои групата, пред Данска и Словенија, кои продолжија во нокаут-фазата, додека Србија освои само два бода од три натпревари.
Сите во Србија веруваа дека Стојковиќ нема да остане на чело на националниот тим, но тој реши да го исполни договорот до крај. Доколку добие отказ, тогаш ФСС ќе треба да му исплати отштета од еден милион евра.