Пикси: Игравме аматерски, недозволиво за ова ниво!

Селекторот на српскиот национален тим, Драган Стојковиќ-Пикси, е најкритикуван за киксот против Камерун, Србија водеше со 3-1, а потоа прими два гола и испушти два значајни бода.

На Пикси најмногу му се замерува што долго го држи во игра Александар Митровиќ, кој физички не е во топ-форма за да издржи 90 минути, како и испуштањето од раце на добиен меч.

Стојковиќ, пак, ги обвини дефанзивците за аматеризам.

„Фруструрани сме бидејќи имавме 3-1, а им дозволивме да дојдат на 3-3. Реагиравме одлично по нивниот прв гол, екипата се крена, дадовме три гола, а потоа се случи високото излегување на нашата одбрана, што е апсолутно забрането на ова ниво. Тоа е аматерски, не смее да се случува. При двата гола ја направивме истата грешка и тоа е неверојатно. Централните бекови Павловиќ и Вељковиќ сами бараа измени, тоа беа принудни измени поради повреди“, рече Пикси.

Сега на Србите им останува да се надеваат дека Бразил ќе ја победи Швајцарија, па во последното коло и тие да ја победат Швајцарија за пласман во осминафиналето. Ако Швајцарците освојат бод, Србија во последното коло ќе мора да ја победи Швајцарија барем со два гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести