Пикси не размислува за оставка: Почнуваме подготовки за ЕП 2024

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси призна дека Швајцарија била подобра репрезентација и заслужено победила, но додаде дека фудбалерите на Србија одиграле на нивото на кое можеле во овој момент. Што се однесува до можна оставка, Стојковиќ рече дека главниот план е да се подготвуваат за квалификациите на ЕП 2024.

„Швајцарија заслужено победи. Имавме многу повредени играчи на турнирот, што се покажа како преголем проблем за нас. Момците се бореа колку што можеа, но за ова ниво на натпреварување, тоа не е доволно. За ваков турнир мора да се има целосно здрави и подготвени играчи, но за жал ги немавме. Од нив не можев да очекувам повеќе од тоа што покажаа. Што се однесува моето продолжување со репрезентацијата, ние сега мора да се подготвуваме за ЕП 2024 година и почнуваме со работа. Мора да бидеме достојанствени и во победи и во поразите. Година и пол бевме во одлична форма, но токму кога дојде СП се случија поголем број проблеми со повредени играчи“, рече Стојковиќ по мечот со Швајцарија, додавајќи дека на сите играчи им подал рака и им рекол дека мора да бидат горди и кога се победува, но и кога се губи.

- Оглас -

Најнови вести