Пикси за реакцијата на Тадиќ: „Не е добро ако рекол така, тоа воопшто не е добро“

Вистинска бура во јавноста крена изјавата на капитенот на Србија, Душан Тадиќ, дека тој е најдобриот играч во репрезентацијата и требало да биде стартер на мечот против Англија, кој Србите го загубија со 1-0. Претходно, селекторот на нашиот северен сосед рече дека се работело само за тактика.

„Уф, тоа не е добро ако рекол така. Тоа никако не е добро. Не е добро. Тоа беше моја одлука од тактички причини. Сакав да го имам Тадиќ свеж за вторите 45 минути и единствено тоа е причината и ништо друго. Се работи за тактика, ништо друго“, вели Драган Стојковиќ-Пикси.

Селекторот на Србија од новинарите беше запрашан дали ваквата реакција на Душан Тадиќ може да предизвика бура и во репрезентацијата, како што предизвика во јавноста.

„Каква бура? Нема да има бура околу капитенот. Моја е одлуката, мое гледање на ситуацијата. Нема полемика околу тоа. Јас ги носам одлуките, јас сум тој кој е селектор. Нема простор за полемика. Да, тој може да биде стартер, но јас сум тој кој ги носи одлуките“, одговори Драган Стојковиќ-Пикси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести