Пиоли е радосен: Убаво е да се победи на овој начин Интер

Милан со пресврт успеа да слави во големото градско дерби против Интер и тоа со 2:1, со што дојдоа на само еден бод од првото место.

Предводникот на Росоњерите, Стефано Пиоли е радосен за победата и за играта која што ја прикажаа неговите избраници.

„Ние сме неверојатно горди и навистина е убаво на овој начин да се победи Интер.

Тие се актуелен првак на Италија и најдобриот тим во Серија А сезонава, а ние покажавме дека и покрај сите проблеми, можеме да се надигруваме со нив.

Секако дека веруваме во титулата, ако не верувавме, тогаш немаше ни да се бориме за нејзе“ изјави тренерот на Милан.

Со овој резултат, Интер сега има 53 бода, додека Милан има 52 и натпревар повеќе од градскиот ривал.

- Оглас -

Најнови вести