Пиоли: Мурињо често го фали противникот и така го трга притисокот од неговиот тим

Милан и Рома ќе играат вечерва во дербиро на 20 коло од италијанската Серија А. По првиот дел од сезоната, Росонерите се на третото место со 39 бодови, дури 12 помалку од лидерот Интер (20 одиграни дуели) и седум помалку од вториот Јувентус. Рома е далеку од врвот и има само 29 бодови, па за Римската волчица во следниот период мисија ќе биде да стигне до позиција која води во Европа за следната сезона.

Во првото коло од оваа сезона Милан со 2:1 победи на „Олимпико“ во Рим и сигурно дека ќе сакаат ист исход овојпат пред своите фанови.

„Очекувам отворен и неизвесен меч. Мурињо е врвен тренер. Тој е интелигентен, паметен, снаодлив. Пред некои натпревари често го фали противникот за да го тргне притисокот од неговиот тим“, вели тренерот на Милан Стефано Пиоли.

Милан веќе испадна од Лигата на шампиони (ќе продолжи во Лигата на Европа), а беше елиминиран и во Купот на Италија, а Пиоли вели дека играта на неговата екипа мора да биде подобра во вториот дел од сезоната.

„Почнува втората полусезона и сакаме да бидеме подобри од тоа што бевме досега. Сега сме на трето место, а ако сакаме да бидеме подобропласирани, ќе мора да играме подобро“, додаде Пиоли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести