Пиоли најави дека Милан вечерва ќе победи

Трката за титулата во италијанската Серија А е најнеизвесна во ТОп 5 лигите во Европа. Милан е лидер со 60 бодови, Интер има 58, но и меч помалку, додека Наполи е трет со 57 бодови.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли знае дека неговиот тим мора да победува, посебно на домашен терен, доколку сака да остане конкурентен во трката за скудетото. Росонерите вечерва на „Сан Сиро“ играат против Емполи.

„Секој што сака да биде шампион мора да освојува победува дури и на средбите во кој нема да игра најдобро. Ние треба да останеме фокусирани и концентрирани и ниту еден противник не смее да се потцени. Сакам да ги направиме навивачите да бидат среќни“, рече Пиоли пред денешниот дуел.

Во есенскиот дел од сезоната Милан на гости со 4:2 го победи Емполи. Во последните 10 средби на овие два тима, секогаш имало барем по два погодоци.

- Оглас -

Најнови вести