Пиоли одби да им се извини на навивачите на Милан по понижувачкиот пораз од Интер

Милан загуби во градското дерби од Интер со 5:1, што е најтежок пораз на Росонерите од Нераѕурите во последните 49 години. Од далечната 1974 година Интер не се радувал со 5:1 против соседот, а тоа се случи вечерва.

Не само што загуби со 5:1, туку Милан ги загуби сите пет дерби дуели од Интер одиграни во 2023 година. Прв пат во историјата на ова ривалство, Нераѕурите имаат пет победи по ред.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли беше разочаран, но не чувствуваше потреба да се извини на навивачите на Росонерите.

„Интер е силен тим и тоа воопшто не е изненадување. Сепак, резултатот е многу повисок и нереален во однос на тоа што го покажавме на теренот. Не мислам дека треба да им се извинам на навивачите на Милан. Дали мислите дека намерно загубивме дерби од Интер со 5:1? И ние сме разочарани исто како што и навивачите се. Треба да се извиниш за нешто само ако го направиш намерно и е лошо“, рече Пиоли.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести