Пиоли со чуден предлог: Играчот да не смее да се врати во своето поле!

Милан добро ја започна новата сезона и по првите пет кола има четири победи и само едно реми. Со два примени гола, Росонерите ја имаат и најдобрата одбрана во лигата, што само е потврда за добрата поставеност на теренот од страна на тренерот Стефано Пиоли.

Токму Пиоли даде свое мислење околу тоа како би се направи фудбалот да биде поофанзивен, но реално неговата идеја е речиси невозможно да се оствари. Стратегот смета дека во фудбалот треба да се воведе правило како во кошарката, а тоа е кога еднаш ќе се влезе со топка во противничко поле, да не може да се врати топката во својата половина.

„Ако сакате да бидете повеќе напаѓачки фудбал, воведете правило според кое нема да може да се врати топката во својата половина, кога веќе ќе се направи преминување во половината на противникот“, вели Пиоли, кој има и некои други револуционерни идеи за промена на фодбалот.

„Ако мене ме прашувате, времето би се стопирало секогаш кога топката ќе излезе надвор од теренот, а би бил за воведување на тајм-аут барем во првото полувреме“, додава Пиоли.

 

- Оглас -

Најнови вести