Пипо Инѕаги: Многу го сакам Милан, ама утре 90 минути ќе бидеме ривали

Тренерот на Беневенто и легенда на Милан, Филипо Инѕаги, изјави дека дуелите со Росонерите секогаш ќе бидат специјални за него. Утре Вештерките во дуел од Серија А го пречекуваат клубот со кој Инѕаги освои по две титули во Лигата на шампионите и италијанската лига.

„Овој меч ќе личи малку на тој со Лацио, кога имав дуел против брат ми. Тоа беше тешко лично искуство. Сите знаат колку многу го сакам Милан, а мислам и дека тоа чувство е взаемно со фановите. Мило ми е што Милан се бори за титула. Утре ќе бидеме ривали во текот на 90-те минути, а потоа можам да го вратам Милан како број 1 во моето срце“ – изјави популарниот Пипо.

Инѕаги додаде дека Беневенто ужива што како клуб кој пред една година беше во Серија Б, а сега има дуел со лидерот на Серија А, и успеаја да освојат бод против Лацио и Јувентус. Милан не знае за пораз уште од мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести