Пипо Инѕаги најде нов клуб

Некогашниот италијански голгетер Филипо Инѕаги најде нова работа. Популарниот Пипо беше на клупата на Болоња, но поради лошите резултати, пред шест месеци доби отказ. Инѕаги денеска е промовиран во нов тренер на Беневенто. Тоа е тимот кој испадна од Серија А во Серија Б, а секако главна цел на новиот тренер ќе биде враќање на клуб во елитата.

Инѕаги како тренер беше во Милан, Венеција и Болоња, додека во богатата играчка кариера играше за Парма, Аталанта, а блесна во дресовите на гигантите Јувентус и Милан.

- Оглас -

Најнови вести