Пирес: Баерн е фаворит, нема посилен тим во Европа

Некогашниот француски репрезентативец и легенда на лондонскиот Арсенал, Робер Пирес, смета дека Баерн Минхен е најсилен тим во Европа, а не ПСЖ или Манчестер сити, кои имаат најскапи состави.

„Баерн има врвни играчи на секоја позиција и тие се главни фаворити за победа во Лигата на шампионите. Во моментов не гледам посилен тим во Европа од Баерн“, рече Пирес кој не верува дека во ПСЖ ќе има добра хемија за да отидат до крај.

Баварците вечерва играат со Динамо Киев.

- Оглас -

Најнови вести