Пирло експресно се враќа во фудбалот и тоа во Англија

Андреа Пирло имаше неуспешна сезона во Јувентус откако по девет години доминација во Серија А, клубот не ја освои титулата во првенството, а единствената радост беше трофејот во Купот на Италија. Јувентус дури во последното коло успеа да обезбеди место во Лигата на шампиони за новата сезона, па челниците решија дека Пирло треба да си замине од тренерската позиција.

Трофејниот Масимилијано Алегри беше вратен за тренер во Јувентус, но според најавите од Италија, ни Пирло нема многу долго да остане без работа. Калчомеркато пишува дека доскорешниот тренер на Јувентус е во потесниот избор за нов тренер во Евертон.

Карамелите останаа без тренер откако Карло Анчелоти реши да го напушти кормилото за да ја прифати понудата на Реал Мадрид. Освен Пирло, меѓу кандидатите за тренер на Евертон се спомнуваат Еспирито Санто, Рафа Бенитес и Дејвид Мојс.

 

- Оглас -

Најнови вести