Пирло планира да избрка тројца за да доведе нови засилувања

Иако само десетина дена е на клупата на Јувентус, Андреа Пирло победнички стартуваше и покажа дека е подготвен да ја продолжи доминацијата на Старата дама во Серија А. Во изминатиов период, Пирло ја скенираше екипата и според најавите, подготвува промени.

Први на листата за заминување се Даглас Коста и Сами Кедира затоа што Пирло не ги планира во тимот за оваа сезона. Се очекува на Кедира да му биде исплатена сума како оштета за предвремено раскинување на договорот, но проблем е за да се избрка Бразилецот. За Коста се интересира Вулверхемптон, но фудбалерот не сака да замине во овој англиски тим.

Ако успее да се ослободи од Коста, прва опција за доведување е Федерико Кјеза од Фиорентина. Виолетовите за Кјеза бараат 70 милиони евра оштета.

На листата на играчи кои треба да си заминат е и Матија де Шилјо, а на негово место би пристигнал Емерсон Палмиери од Челзи. Бекот е отпишан од Франк Лампард и лесно треба да се договорат за евентуален трансфер во гигантот од Торино.

 

- Оглас -

Најнови вести