Пирова победа на Интер со еврогол на Мартинес, Баерн го здроби Салцбург во рекордна ноќ на Левандовски (Видео)

Ливерпул и Баерн се првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите, откако во два меча ги елиминираа Интер, односно Салцбург.

Ливерпул стравуваше во реваншот на својот стадион „Енфилд роуд“ што го загуби со 0:1 од италијанскиот шампион, но, сепак, благодарение на победата од 2:0 во Милано со вкупен резултат од 2:1, оди понатаму.

Лаутаро Мартинес постигна фантастичен гол во 62-рата минута, но веднаш во следната минута беше исклучен Алексис Санчес, па со играч помалку на теренот, Интер немаше сили за подвиг.

Баерн го растури Салцбург со 7:1 во блескава ноќ на офанзивците на германскиот првак и особено на Кралот на стрелците Роберт Левандовски.

Популарниот Лева постигна три гола за 11 минути, од 12-тата до 23-тата минута, што е најбрз хет-трик во историјата на Лигата на шампионите.

Со тоа стигна до 40 гола во оваа сезона, и тоа по седми пат по ред што е уште еден рекорд.

Ремек-делото вечерва Полјакот го зачини и со асистенција до Лерој Сане за 7:1.

Мајсторскиот потег на Лева и асистенцијата за голот на Сане можете да ја погледнете ОВДЕ.

Томас Милер даде два гола, а покрај Сане, стрелец беше и Серж Гнабри во голеадата што со погодок за Салцбург ја зачини и Кјаергард.

Баерн се пласира понатаму со вкупен резултат од 8:2.

 

- Оглас -

Најнови вести