Пирови победи за Баерн и Порто, ПСЖ и Челзи се првите полуфиналисти во ЛШ (видео)

Баерн Минхен оствари Пирова победа од 1-0 (3-3 вкупно) на гостувањето во Париз кај ПСЖ во реванш-дуелот од Лигата на шампионите, по што Светците се пласираа во полуфиналето, каде што ќе го чекаат подобриот тим од двомечот меѓу Манчестер сити и Борусија Дортмунд.

Светците се изнапромашуваа на „Паркот на принцовите“, особено Нејмар, кој во првото полувреме можеше да даде најмалку четири гола, но го спречија рамката од голот и разбранетиот Нојер. Тие неискористени напади можеа да го прогонуваат Бразилецот бидејќи по една од неговите шанси Баерн тргна во контранапад и ја смести топката зад грбот на Навас.

Костариканскиот голман прво го одбрани шутот на Сане, но до одбиената топка најблиску беше Чупо-Мотинг, кој погоди за 1-0 во 41-вата минута.

Тоа беше најава за возбудливо второ полувреме, меѓутоа резултатот остана непроменет, иако европскиот првак со сите сили се бореше да избегне елиминација.

Во вториот меч Челзи беше на прагот и во четвртиот овосезонски меч во нокаут-фазата да не прими гол, но Тареми во четвртата минута од судиското надополнување му донесе Пирова победа на Порто со фантастични ножички.

Змејовите се обидуваа да дојдат барем до еден гол и да внесат неизвесност во реваншот кој исто така се играше во Севилја на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“, меѓутоа доцна го сторија тоа, па Сините и со минималниот пораз се пласираа во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести