Пиштолџија е она што ѝ недостасува на Старата дама

Јувентус со својата позната стратегија ќе оперира на фудбалскиот пазар и ова лето. На Макс Алегри му се потребни искусни играчи за кои не мора да троши пари, а меѓу слободните фудбалери има доста звучни имиња.

Пол Погба и Анхел ди Марија секако остануваат примарни цели на Старата дама, но потребен е и роден победник, кој ќе носи погодоци во клучни моменти и знае да освојува титули. Токму таков е Луис Суарес.

Популарниот Ел Пистолеро заминува од Атлетико Мадрид и од 1 јули ќе биде слободен агент. Иако добива понуди од Јужна Америка, Суарес сака уште да игра во најдобрите лиги во Европа, а токму Јувентус може да му ја исполни желбата.

Суарес би бил алтернатива во нападот за Душан Влаховиќ и Мојзе Кен, но дополнителен придонес се очекува да донесе неговиот карактер и бројните титули кои ги освои со Барселона и Атлетико.

- Оглас -

Најнови вести