Пискотници што ќе ве растревожат, хорор повреда на најдобриот стрелец на Рен (Видео+Фото)

Марцан Терие постигна гол за Рен на дуелот против Ница, но потоа најдобриот стрелец на тимот од Бретања доживеа тешка повреда.

Во еден дуел со Џордан Лотомба во 30. минута Терие ја нагази топката и тешко се повреди, а настрада десното колено.

Голгетерот на Рен со 9 погодоци во Лига 1 сезонава пискаше од болка и веднаш беше јасно дека се работи за тешка повреда.

По неколкуминутна интервенција на медицинскиот тим, напаѓачот на домаќините беше изнесен со пмош на носила, или таканаречениот „стречер“ надвот од теренот, а допрва се очекува информација за тежината на повредата.

Моментот од 33. минута и повредата на Терие можете да го погледнете ОВДЕ.

Повредата на коленото дојде во многу незгоден момент за 25-годишниот напаѓач на Рен.

За него се интересираат неколку клубови, а се очекуваше да го направи и највредниот трансфер на кариерата веројатно во Тотенхем, но сега и таа варијанта е неизвесна.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести