Пити Мартинес стана 26-тиот фудбалер кој имал привилегија да биде во ист тим со Меси и Роналдо!

Аргентинецот Гонзало „Пити“ Мартинес е 26-тиот фудбалер кој имал привилегија да биде соиграч и со Кристијано Роналдо и со Лионел Меси.

Мартинес е поранешна ѕвезда на Ривер плејт. Со Меси играше во аргентинската репрезентација во 2018 и 2019 година, а сега во Ал-Наср ќе биде соиграч на Роналдо. Веќе тренираше заедно со него, а утре треба првпат и да заиграат заедно.

Листата на играчи кои знаат како е да се биде во ист тим со Лео и Кристијано е прилично полна со ѕвезди, од кои некои се во пензија, а, секако, најбројни се Аргентинците.

Станува збор за: Хенрик Ларсон, Габриел Хајнце, Карлос Тевес, Жарарт Пике, Езекиел Гарај, Фернандо Гаго, Гонзало Игуаин, Анхел ди Марија, Андре Гомес, Деко, Нелсон Семедо, Мартин Касерес, Пауло Дибала, Артур Мело, Миралем Пјаниќ, Тринкао, Пабло Сарабија, Ашраф Хакими, Кејлор Навас, Данило Переира, Серхио Рамос, Ренато Санчес, Нуњо Мендеш, Витиња, Лисандро Мартинез и Гонзало Мартинез.

Најмногу мечеви со нив двајца има одиграно Пике, дури 521. Потоа следуваат Рамос со 362 и Ди Марија со 292.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести