Пјаниќ додека е во Јуве, ќе сервира екстра погодоци (видео)

Јувентус води со 2-1 на гостувањето кај Сасуоло по половина час игра во мечот од 33-тото коло во Серија А. Стрелци на погодоците се Данило и Гонзало Игуаин, но за двојното водство најзаслужен е Миралем Пјаниќ.

Пјаниќ асистираше за двата погодоци до 12-тата минута и стигна до бројката од седум асистенции во Калчото на 28 меча оваа сезона.

Искусниот играч за врска веќе го обезбеди трансферот во Барселона, но додека заврши сезоната, мора да го носи дресот на Јувентус и да учествува во походот кон одбрана на титулата. Во меѓувреме, Сасуоло преку Ѓуричиќ намали на 2-1.

- Оглас -

Најнови вести