Пјаниќ ќе ја чини Барса 60 милиони евра

По информациите дека Артур Мело ќе биде нов играч на Јувентус за 80 милиони евра, се појавија деталите околу трансферот на Миралем Пјаниќ во Барселона. Наводно, Каталонците ќе платат 60 милиони евра за услугите на босанскиот плејмејкер.

Двајцата играчи ќе треба да ги потпишат договорите со новите клубови до 30 јуни како краен рок за реализирање на размената. Барселона прави добра зделка ако се земе предвид дека ќе заработи од продажбата на Артур, а воедно ќе добие искусен првотимец во Пјаниќ.

Досега препрека за реализирање на овие трансфери беше бразилскиот играч за врска, кој одбиваше да го напушти „Камп ноу“, но се чини дека Артур конечно попушти и од следната сезона ќе ги брани боите на Бјанконерите.

- Оглас -

Најнови вести