Барселона ја прифати понудата на Јувентус за Артур

Јувентус и Барселона постигнале договор за трансфер на Бразилецот Артур Мело од Барса во Јуве за сума од 80 милиони евра. За официјално овој премин да биде готов, потребно е Артур да ги договори личните услови со Старата дама од Торино. Тоа не би требало да биде проблем бидејќи 23-годишниот плејмејкер во Јуве би имал поголема плата од таа во каталонскиот клуб.

Досега Артур упорно инсистираше дека не сака да си замине од Барселона, но можеби ќе се премисли кога гледа дека клубот е подготвен да се откаже од него. Ако Артур замине во Јуве, големи се шансите Барса од италијанскиот првак да го доведе Миралем Пјаниќ, кој игра на иста позиција како Артур. Пјаниќ, кој има 30 години, е проценет на 10 милиони помалку од Артур.

Ова отвора можност Јуве за Артур на Барса да ѝ плати само 10 милиони евра, но бесплатно да го испрати Босанецот Пјаниќ.

- Оглас -

Најнови вести